Драма на Енфилд: Ван Дајк во 92. минута го урна Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-2 го победи Атлетико Мадрид благодарение на погодок на Вирџил ван Дајк во судиското продолжение од натпреварот., Баерн Минхен со 3-1 славеше над Челси во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Ливерпул имаше фуриозен старт на дербито на Енфилд, по шест минути игра веќе беше 2-0 за нив, се чинеше дека црно му се пишува на Атлетико Мадрид.

Во четвртата минута Робертсон погоди за 1-0, а две минути подоцна Салах го зголеми резултатот на 2-0.

Пред самиот крај на првото полувреме по асистенција на Распадори, Љоренте намали на 2-1 и го врати Атлетико Мадрид во игра.

Во 81. минута Љоренте даде уште еден гол и израмни на 2-2, сите мислеа дека Атлетико Мадрид избегна пораз, но не беше така.

Течеше 92. минута кога Ван Дајк погоди со глава за победа на Ливерпул од 3-2.

Четири голови имаше и во Минхен каде Баерн со 3-1 го совлада Челси.

Резултатот беше отворен во 20. минута кога Чалоба си постигна автогол, седум минути подоцна Кејн зголеми на 2-0, а веднаш потоа Палмер со убав погодок намали на 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Хари Кејн во 63. минута од мечот.

Најубедлив беше ПСЖ кој со 4-0 славеше над Аталанта. Маркињос, Кварацхелија, Мендеш и Рамош ги постигнаа головите за Французите.

Интер со 2-0 славеше на гостувањето кај Ајакс. Двоен стрелец беше Турам.