
Бутел со лесна победа се враќа од Радовиш
По поразот од Пелистер во воведното коло, Бутел дојде до првата победа оваа сезона, а Радовиш повторно забележа пораз.
Овој меч се играше подоцна поради обврските на Бутел во ЕХФ Купот, скопскиот тим немаше никакви проблеми да дојде до победата во овој дуел.
Бутел го контролираше мечод од почетокот до крајот. На полувремето водеа со 14-11, а до финишот ја зголемија предноста за конечни 31-24.
Во наредното коло Бутел игра со Прилеп, а Радовиш оди на гости кај Пролет.