Се појавија морбидни гласини за Абидал, Французинот се огласи: Жив сум! (ФОТО)

Во текот на денешниот ден на социјалните межи се појавија информации дека поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал починал, но за среќа станувало збор за лажна вест.

Информациите кои се појавија говореа дека Абдал починнал поради настанати компликации од направената втора трансплатација на црн дроб која ја направи неодамна.

Демант пристигна од самиот Абидал кој објави порака на неговиот Инстаграм профил.

„Некои гласини никогаш не треба да се појават. Тука сум, со моето семество и во добро здравје, се е во ред. Зад мене е семејството и моите деца. Нека биде јасно, добро сум, жив и здрав. Ви благодарам на пораките за поддршка и загриженоста, сега да се фокусираме на нешто што навистина е важно“, објави Абидал.

Инаку, Абидал во 2011 година имаше сериозни проблеми со здравјето кога беше опериран од тумор на црниот дроб, неколку месеци подоцна му беше направена првата трансплатација. На терените се врати во април 2013 година, а се повлече од фудбалот една година подоцна.