
„Направивме најсилен можен состав - сакаме трофеј и достоен настап во Европа!"
Даскаловски ќе обида да го оствари сонот на сите навивачи на Пелистер, а тоа секако е нешто што бара одговорност и носи обврска.
„Ја користам можноста на раководството и генералниот менаџер на Пелистер, Марјан Илиевски за големата одговорност што ми е доверена. На секој план, клубот е на едно високо ниво и затоа од мене, очекувањата се големи. НИ помалку, ни повеќе, играме во Лигата на шампионите каде во првото коло играме со силната Реџана, екипа од италијанската Серија А, реномиран противник со долга и успешна историја. За мене и моите играчи, тоа е само еден предизвик подобро да го претставиме клубот и градот во едно такво реномирано натпреварување. Очекувам добри резултати, без разлика дали ќе играме во Лигата на шампионите или ФИБА Европа купот. Ростерот кој беше направен во овој период, со шест странци, колку што дозволуваат правилата на ФИБА, го направивме максимално одговорно и најдобро што е можно за наши услови.
Се надевам дека нашите клубови ќе се одважат и во иднина редовно ќе настапуваат во меѓународните купови. Не треба да кажувам дека на домашна сцена ќе се обидеме да донесеме еден трофеј кој би бил историски за Пелистер. За мене е фантастично тоа што дојде репрезентативецот Андреј Митревски кој одлично се вклопи во екипата, тука се Бобан Стајиќ, Лука Стојановски и Дамјан Крстевски од домашните играчи. Жалам само што не одигравме повеќе натпревари во овој подготвителен период бидејќи колку и да имаме добар тим, му треба време да се вклопи. Ветувам максимална работа и надеж дека ќе ги исполниме целосно или делумно очекувањата од управата.
Што се однесува до Реџана, станува збор за исклучително квалитетен тим, тренер е грчкиот стручњак Пифтис кого добро го познавам. Странците се сериозни, играат на високо ниво многу години и тоа е едно поинакво ниво за нас, а за мене е чест и задоволство што можеме да излеземе на терен со таков ривал“, рече Даскаловски.