Миовски наскоро ќе добие нов тренер, Ренџерс му подготвува отказ на Мартин!

Глазгов Ренџерс го има најлошиот старт во историјата, тимот уште чека на својата прва победа оваа сезона во шкотското првенство, а цехот за тоа треба да го плати тренерот Расел Мартин.

По пет одиграни кола Ренџерс е на 10. место од 12 екипи во најдобрата шкотска лига, славниот тим има четири нерешени и еден пораз.

Во минатото коло загубија на свој терен од Хартс со 2-0, а со тоа почна да се губи трпението на управата.

Шкотските медиуми пишуваат дека Ренџерс е во потрага по нов тренер, а кога ќе го најде ќе му врачи отказ на Расел Мартин.

Миовски играше на два натпревари за Ренџерс, но засега нема дадено гол. Можеби ќе биде поинаку со новиот тренер.