
Модриќ: Се надевам дека луѓето веќе нема да ги споменуваат моите години!
Лука Модриќ неодамна наполни 40 години, но во фантастично светло се прикажува во Серија А.
„Победивме, но најважно е да се фокусираме веќе на следните натпревари. Се надевам дека луѓето повеќе нема да ги споменуваат моите години. Што се однесува до голот, Салемакерс ми даде фантастична топка и лесно беше да се погоди, повеќе е негова асистенција отколку моја завршница. Како ќе одминуваат натпреварите сигурен сум дека ќе бидеме се посамоуверени, а кога ќе се вратат повредените играчи и подобро ќе се запознаеме, ќе бидеме уште подобри“, вели Модриќ.
Многумина со скептицизам гледаа кон одлуката Милан да се засили со Модриќ поради годините на Хрватот, но тој уште е импресивен.