Флик не простува: Еден од фудбалерите задоцнил и нема да биде стартер против Валенсија!

Барселона вечерва ќе ја пречека Валенсија во четвртото коло од шпанската Ла Лига, а Рафиња нема да биде стартер на мечот зашто тренерот Ханси Флик решил да го казни.

Рафиња пристигнал доцна на тренингот, а тоа Германецот не му го простил и решил да го отстрани од стартниот состав.

Флик по неговото доаѓање воспостави ред и строги правила за фудбалерите, па секое прекршување на истите го казнува.