Манчестер јунајтед го има најлошиот старт на сезона од 1992 година

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ова лето ангажира неколку звучни засилувања на кои потроши многу пари, но и покрај тоа го има најлошиот старт на сезоната уште од 1992 гоидна.

Тренерот Рубен Аморим не успеа да ги препороди „црвените ѓаволи“ по неговото доаѓање, а тоа го покажува и статистиката, односно само осум победи од ноември минатата година.

„Ѓаволите“ по четири одиграни кола имаат освоено само четири бода во Премиер лигата.

Фото: Facebook/Manchester United