
Струга го растури Тиквеш и остана со максимален ефект по пет кола
Стружани попладнево го совладаа Тиквеш на домашен терен со 3-0 и со гол разлика 14-1 се со само еден гол заостанување зад Силекс кој е формален лидер во моментов. Гостите во ниеден момент не се заканија и не најавија дека можат да направат изненадување ни да дојдат барем до бод на ова гостување иако се држеа до финишот на првото полувреме.
Домаќините имаа три шанси во почетната фаза од мечот, но резулатот го отвори напаѓачот од Буркина Фасо, Компаоре кој во 40. минута го искористи пеналот што го изнуди Радески. Истиот фудбалер во 58. минута ја зголеми предноста на Струга, а конечните 3-0 ги постави Радески во 79. минута. Интересно е тоа што Компаоре по само пет натпревари оваа сезона веќе го надмина ефектот од претходните две кампањи. Во моментов е најдобар стрелец во Првата лига со седум гола, а лани и преклани реализира четири, односно пет на вкупно 50 настапи.
Гостите се заканија неколку пати во финишот од мечот, но не успеаја да постигнат почесен гол и останаа со само два оваа сезона. Кавадарчани по пет кола се наоѓаат на десеттата позиција на табелата со можност дополнително да паднат затоа што Работнички, кој е веднаш зад нив, има натпревар помалку.