Салах во 95. минута го расплака храбриот Барнли! (ВИДЕО)

Eкипата на Барнли беше многу блиску да одигра реми против Ливерпул, но херој беше Салах кој со гол од пенал во 95. минута обезбеди и четврти триумф оваа сезона.

Избраниците на Арне Слот доминираа имаа и над 80% посед на топката, упатија над 20 удари, но само два од нив одеа во рамките од голот и резултатот не се менуваше се до самата завршница.

Барнли во 84. минута остана и со фудбалер помалку откако Угучкву го заработи вториот жолт картон, а се играше судиското продолжение кога по игра со рака, Ливерпул доби пенал, а сигурен реализатор беше Египќанецот.

Со овој триумф Ливерпул остана перфектен со четири победи во исто толку натпревари од почетокот на сезоната. Најскапото летно засилување за Ливерпул, Александар Исак за овој натпревар не беше ниту на клупата за резерви.

Од 17:30 часот денеска ќе се игра и градското дерби помеѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Фото: Premier League/X