Мбапе и Ѓулер го израдуваа Реал, нова глупост на Хујсен (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид триумфира на тешкото гостување кај Реал Сосиедад со 2-1 во четвртото коло од Ла Лига.

Килијан Мбапе им донесе предност на „кралевите“ со погодокот во 12. минута по грешката на домаќините, откако еден од фудбалерите испрати топка кон својата половина, а тоа Французинот го искористи да ги претрча ривалите и да погоди за 1-0.

Потоа следеше глупоста на Дин Хујсен, кој направи прекршок при контра-напад на Реал Сосиедад и доби директен црвен картон.

Арда Ѓулер во финишот на првиот дел стрелаше за предност од 2-0, по што Ојарзабал од пенал на почетокот на второто полувреме погоди за конечни 1-2.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Real Madrid