Јамал си доби персонализирани копачки, првпат ќе ги носи викендов! (ФОТО)
Јамал така по примерот на најголемите фудбалски ѕвезди си доби можност да ги има првите персонализирани копачки кои го носат името „F50 LAMINE YAMAL". Копачките се дизајнирани со впечатливи бои на кои доминира розевата.
За првпат овие копачки Јамал ќе ги носи в недела на 14 септември кога Барселона ќе игра против Валенсија. Исто така копачките се пуштени и во продажба по цена од 50 евра за основниот модел и 270 за елитното издание.