Германија покажа моќ, Шродер ги разбуди Финците од најубавиот сон!

Репрезентацијата на Финска со пласманот во полуфиналето го направи својот најголем успех во историјата, но денес против моќната Германија не може да приредат ново изненадување и беа поразени со 98-86.

Првата четвртина донесе изедначена битка во која во првата половина Финска имаше предност, но потоа Германија го презема водството и го доби тој период со 30-26.

Втората четвртина се покажа и како одлучувачка, Германците тука беа подобар противник и ја добија со 31-21, а таа разлика (61-47) се покажа како недостижна за репрезентацијата која беше најголемо изненадување на Евробаскетот.

Не се откажаа Марканен и друштвото, третиот период го добија со 20-26, па во последната четвртина влегоа со негатива од „минус осум“ која им даваше надеж дека можат да направат пресврт (81-73)

Сепак, Германија тука одново „додаде гас“ и не дозволи да ја испушти предноста. Најдобар на теренот во редовите на Германија со дабл-дабл беше Денис Шродер кој средбата ја заврши со 26 поени, 12 асистенции и четири скока.

Зад него следеше Вагнер со 22 поени, пет скока и една асистенција. Оливер Нкамоуа уфрли 21 со седум скока и две асистенции, додека Марканен средбата ја заврши со осум скока и една асисенција.

Вечерва со почеток од 20:00 часот во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Грција и Турција.