Ѓорческа со пресврт ја совлада Базилети и обезбеди четвртфинале во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи да реди победи во Романија, откако денеска славеше со 2-1 во сетови (3-6, 6-3 и 6-4) против Наоми Базилети во осминафиналето на турнирот во Букурешт.

Базилети го загуби првиот сервис на свој сервис, меѓутоа направи три брејка по ред за да стигне до целосен пресврт и да го освои сетот со 6-3.

Ѓорческа се мачеше и на почетокот на вториот сет, откако нејзината противничка поведе со 0-2, меѓутоа македонската тенисерка успеа да најде сила и со голем пресврт да стигне до 6-3.

Третиот сет повторно понуди големи возбудувања и ново водство на Италијанката од 3-1, но Ѓорческа набрзо ja врати неизвесноста, а потоа со пресврт запиша триумф (6-4).

Македонката во четвртфинале на турнирот во Букурешт ќе игра против Лаура Хиетаранта.