Работнички доби нов напаѓач: Димитар Трајков пристигна на позајмица!

Македонскиот прволигаш Работнички ангажира уште едно засилување во пресрет на новите предизвици во Првата лига, а тоа е напаѓачот Димитар Трајков.

Младиот напаѓач доаѓа на позајмица во Дебар Маало од украинската екипа Житомир Полисја, чиј дрес го носеше од јули 2024 година.

Трајков дел од минатата сезона помина на позајмица во хрватско Дугопоље, а претходно играше и за Брера Струмица и Беласица.