Дончиќ ги обвини судиите дека се подмитени (ФОТО+ВИДЕО)

Лука Дончиќ не можеше да се смири по неколку судиски одлуки на вчерашниот натпревар против Германија кои, според Словенците, директно влијаеја на конечниот исход.

Можеби најважниот момент се случи на почетокот од второто полувреме кога суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја направи четвртата лична грешка поради што до крајот мораше да игра внимателно. Кога му беше досуден фаулот во напад врз Шредер, Дончиќ беше толку бесен што им гестикулираше на судиите дека се подмитени.

Камерите го фатија како ги пцуе што беше уште еден излив на бес кон делителите на правдата кои исто така се цел на критики од синоќа.