
„Халанд ми се извинуваше по секој постигнат гол“
И покрај тоа што прими 11 голови, голманот на Молдавија, Кристијан Аврам остана духовит, а откри и една интересна работа.
„Здраво, јас сум голманот на Молдавија и само што примив 11 гола“, беа првите зборови на Аврам во изјава за норвешките медиуми веднаш по натпреварот.
Тој откри дека Халанд секогаш му се извинувал откако ќе му дадел гол.
„Секој пат кога ќе дадеше гол, ми се извинуваше. Ми рече дека не е негова вина и дека мора да постигнува голови поради гол разликата. Го разбирам“, изјави Аврам.
За разлика од квалификациите на УЕФА каде што е важен меѓусебниот дуел, во квалификациите на ФИФА е поважна гол разлика. Поради тоа Норвешка не сакаше да застане со давање на голови против Молдавија и мораше да постигне што повеќе бидејќи голема е веројатноста на крајот од групната фаза да имаат ист број на бодови со Италија, па гол разликата да одлучува за директен пласман на Мундијалот.