
Ѓорческа по речиси три часа ја мина првата пречка на турнирот во Букурешт
Двете тенисерки во првиот сет не успеваа да ги зачуваат гемовите на свои сервиси сè до 10. гем кога за првпат тоа ѝ успеа на Ѓорческа за да слави со 6-4.
Ѓорческа направи брејк во третиот гем од вториот сет, но набрзо Романката го возврати ударот и во финишот со уште еден брејк го освои сетот (6-4).
Македонската тенисерка имаше одличен старт на третиот сет и водство од 3-0, но нејзината противничка успеа да се разбуди и набрзо да израмни на 3-3. Ѓорческа, сепак, потоа го презема водството и со уште еден брејк за триумф од 7-5.
Ѓорческа со ова стигна до шестата победа по ред, откако претходната сабота го освои првиот турнир во Романија.