Кошаркарската репрезентација против Азербејџан ги почнува претквалификациите

Денеска беше извршена ждрепката за првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, а веднаш потоа е одреден и распоредот на натпреварите на македонската репрезентација.

Циклусот почнува на 27 ноември кога на домашен терен Македонија ќе се сретне со најголемиот аутсајдер во групата Азербејџан, а три дена подоцна е првото гостување, во Ирска. Во февруари играме дома против Луксембург и на гости против Азербејџан, а претквалификациите ги завршуваме во јули со дуел против Ирска пред своите навивачи и за крај гостување во Луксембург.

Пласман во втората фаза од претквалификациите обезбедуваат првопласираните репрезентации од секоја група и најдобрата второпласирана селекција.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1.КОЛО – 27 НОЕМВРИ 2025
МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
Луксембург – Ирска

2.КОЛО – 30 НОЕМВРИ 2025
Ирска – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Луксембург

3.КОЛО – 27 ФЕВРУАРИ 2026
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Ирска – Азербејџан

4.КОЛО – 2 МАРТ 2026
Азербејџан – МАКЕДОНИЈА
Ирска – Луксембург

5.КОЛО – 2 ЈУЛИ 2026
МАКЕДОНИЈА – Ирска
Луксембург – Азербејџан

6.КОЛО – 5 ЈУЛИ 2026
Луксембург - МАКЕДОНИЈА
Азербејџан - Ирска