
Нотингем Форест денеска ќе добие нов менаџер - газдата си договори грчки стручњак
За нов менаџер на поранешниот европски шампион денеска се очекува да биде назначен сонародникот на Маринакис, Анге Постекоглу кој беше без ангажман откако на крајот од минатата сезона го напушти Тотнем. Со лондонскиот клуб тој триумфираше во Лигата Европа, но веднаш потоа си замина оттаму.
Претходните четири години Постекоглу ги помина на Островот бидејќи пред Тотнем го водеше Селтик, но најголем дел од тренерската кариера работеше во Австралија каде живееше од петгодишна возраст. Покрај неколку клубови, врвот го достигна со селекторската позиција во аватралиската репрезентација која ја водеше од 2013 до 2017 година.