Суарез не помина добро, доби нова казна за срамниот инцидент

Ургвајскиот напаѓач, Луис Суарез доби дополнителна суспензија од три натпревари во МЛС лигата за срамниот инцидент во финалето од Лига купот кога плукна член од стручниот штаб на противничката екипа.

Суарез претходно доби казна од шест натпревари за дуели во тоа натпреварувања, меѓутоа МЛС одлучи да го суспендира и за натпревари во првенството.

Така вкупно казната на Суарез ќе изнесува девет нтпревари. По инцидентот напаѓачот преку социјалните мрежи и се извини.

„Тоа беше момент на фрустрација, меѓутоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и се извинувам, тоа не е сликата која што сакам да ја оставам за себе и клубот“, порача Суарез.

Ќе потсетиме, Интер Мајами тој натпревар го загуби со 3-0 од Сиетл.

Фото: Inter Miami C.F/X