Милевски ги мести коцките, Лихтенштајн треба да падне за враќање на првото место! (ФОТО)

По официјалната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски со фудбалерите го одработи и тренингот пред утрешниот натпревар против Лихтенштајн во квалификациите за Мунддијалот.

Maкедонија добоо ги започна квалификациите и по четири одиграни натпревари имаме две победи и две нерешени средби со кои со осум бода сме на втората позиција. Велс е лидер со 10, додека Белгија која е со натпревар помалку е на седум, потоа следи Казахстан со три, додека Лихтенштајн е единствен во групата без бодови.

Иако играме против аутсајдерот во групата сепак, Милевски денеска потенцираше дека не смееме да си дозволиме да го потцениме противникот и во дуелот ќе влеземе максимално фокуирани.

Натпреваот на Арената се игра во терминот од 18:00 часот.