
„Дали Мбапе ме тера да потпишам за Реал? Ми се јавува на секои два часа!“
Новинарите ги интересираше дали неговиот сонародник Килијан Мбапе врши притисок врз Конате за да го натера да потпише за „кралевите“, по што дефанзивецот даде интересен одговор.
„Дали Мбапе ме тера да потпишам за Реал Мадрид ? Ми се јавува на секои два часа!“, кажа Конате.
Конате игра за Ливерпул од 2021 година, откако претходно четири години го носеше дресот на Лајпциг.
Фото: Facebook/Fabrizio Romano