УФЦ-спектакл ќе се организира и во Белград!?

Српските медиуми пишуваат дека најсилната светска ММА-промоција, УФЦ планира да организира настан во главниот град на нашиот северен сосед.

Според првичните информации, бил договорен УФЦ-настан во Белград, па така Србија би била домаќин на голем спектакл.

Засега не се откриваат повеќе детали за евентуално организирање на настанот, односно кога истиот би се случил, меѓутоа дефинитивно би привлекол големо внимание во регионот.

Ваквата можност ја најавил потпретседателот на УФЦ за меѓународни операции, Дејвид Шо во разговор со делегацијата на ММА-сојузот на Србија.

Фото: UFC