Ферстапен побрз од возачите на Мекларен за победа на Монца!

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен имаше неверојатен викенд на Монца, каде што успеа денеска да триумфира на трката за Големата награда на Италија.

Трката понуда големо возбудување на самиот почеток, кога првите четири возачи на патеката жестоко се бореа кој ќе го преземе водството, а тоа на крајот му успеа на Ферстапен.

Ферстапен успешно ја чуваше предноста во текот на целата трка, па така зад себе ги остави кандидатите за титулата, но и возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Ферари повторно ги разочара своите навивачи, па така Шарл Леклер заврши четврти, додека Луис Хамилтон го освои шестото место, а меѓу нив на петтата позиција стигна Џорџ Расел од Мерцедес.