
Пелистер се пофали со уште едно американско засилување
Се работи за 27-годишен играч кој во Пелистер доаѓа од Трабзон. Тоа е кошаркар кој настапува на позицијата крилен центар.
Џордан Скипер Браун по настапите во НЦАА лигата се пресели во Европа, најпрво во белгискиот клуб Лувен, потоа играше и за тимот на Брисел. Една година мина во словенечкиот шампионат, а пред две сезони беше дел од силната ВТБ-лига, и тоа како член на Астана. Ланската сезона Скипер Браун со успех настапуваше за турскиот тим Трабзон.
Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис.