
Италијанските фудбалери признаваат: Гатузо им удира вистински шлаканици!
Италијанската репрезентација изгледаше мотивирано, одлучно да победи и резултатот дојде. Но, зад она што се случуваше стои Гатузо.
По мечот Бастони рече дека Гатузо им удрил неколку шлаканици за да ги разбуди. Па „Скај Спорт Италија“ го праша Распадори дали неговиот соиграчи мислел метафорички кога зборувал за шлаканиците.
„Не, тоа беа вистински шлаканици, јас добив една по грбот“, призна Распадори.
„Во текот на овие денови тој ни даде многу решителност и цврстина, ние сме талентирани играчи само треба тоа да го покажеме на теренот. Мислам дека денеска од почетокот до крајот покажавме дека можеме, не е лесно да дадете пет голови на ваков противник“.