
Нема пауза за второлигашите - дербито е во Автокоманда!
Најжешко се очекува да биде во Автокоманда каде Скопје ќе ја пречека Шкендија Арачиново која е лидер со две победи на првите две натпревари.
Натпреварот е интересен и поради враќањето на Љупчо Марковски во Автокоманда, тој сега е тренер на Шкендија Арачиново, а претходно долги години го водеше Скопје.
Охрид првата победа ќе ја бара против Осогово кој има солиден старт на сезоната, Беласица му гостува на Големо Коњари, а во Македонска Каменица, Саса ќе го пречека Кожуф.
Детонит е домаќин на Слога Виница, Вардар Неготино оди во Новаци, а Преспа и Победа ќе се борат за важни бодови.
Колото се затвора во понеделник, на 8. септември кога Брегалница е домаќин на Тетекс.
ВМФЛ 3. коло:
Скопје - Шкендија (А)
Охрид - Осогово
Детонит - Слога
Големо Коњари - Беласица
Каменица Саса - Кожуф
Новаци - Вардар (Н)
Преспа - Победа
08.09 (понеделник)
Брегалница - Тетекс
Сите натпревари почнуваат од 16 часот.