
Синер не дозволи изненадување - нова пресметка со Алкараз во финалето од УС Опен
Синоќа Алкараз го елиминира Новак Ѓоковиќ, а веднаш потоа Синер со 3-1 (6-1, 3-6, 6-3, 6-4) беше подобар од канадскиот тенисер Феликс Оже Алијасим. По „Ролан Гарос“ и Вимблдон, најдобрите тенисери на денешнината ќе се борат и за трофејот на УС Опен.
Оже Алијасим против Синер доминираше само во вториот сет кој успеа да го добие со 6-3, но тоа беше премалку за изненадување. Италијанецот беше подобар во преостанатите три сета и покрај тоа што меѓу вториот и третиот сет имаше физички проблеми и побара медицински тајмаут. Можеби се ќе беше поинаку ако канадскиот тенисер ги искористеше брејк топките во четвртиот сет, но не успеа, Синер го направи тоа и стигна до конечна победа.
Финалниот меч во машка конкуренција се игра в недела од 20 часот, титулата ја брани Синер, а Алкараз ќе се обиде да стигне до шестиот Гренд слем трофеј. За Италијанецот ова ќе биде петто финале по ред на Гренд слем турнирите, а стана четвртиот во Опен ерата, по Ѓоковиќ, Федерер и Лејвер кој стигнал до мечот за титулата на сите четири вакви натпреварувања во една календарска година.