По пауза од 875 дена: Алекс Маркез повторно освои пол-позиција (ВИДЕО)

Помладиот од браќата Маркез, Алекс успеа да освои пол-позиција за трката во Барселона, откако на квалификациите имаше време од 1:37.536 и за првпат ќе тргне од првото место по пауза од 875 денови, односно од трката во Аргентина во 2023 година.

Алекс возеше одлично во квалификациите, додека неговиот брат Марк го следеше со многу ризик, меѓутоа не успеа да го загрози неговото место.

Второто место во квалификациите му припадна на Фабио Квартараро, додека Марк ќе тргне од третата позиција.

Спринт трката во Барселона се вози денеска од 15 часот, додека главната трка е закажана за утре од 14 часот.

Фото: EPA