
Турција добро се испоти да ја победи Шведска за место во четвртфинале!
Во последното коло од групната фаза Турција ја победи Србија, по што дополнително си ја зголеми самодовербата, но и фаворитската улога против денешниот противник Шведска.
Сепак, работите не се одвиваа како што замислуваа Турците. Шведска беше фантастична во првиот дел кој го доби со 42-37.
По паузата Турците го кренаа нивото, направија комплетен пресврт и дојдоа до убедлива предност, беше 61-50, а по крајот на третиот период водеа со 63-55. Но, Швеѓаните не се предаваа, дојдоа до егал ситуација во финишот од првото полувреме. На две ипол минути до крајот беше 76-76. Сепак Турција беше подобра во самиот финиш и славеше со 85-79.
Најдобар на теренот беше Шенгун кој постигна 24 поени, имаше и 16 скокови. Во составот на Шведска, Хакансон даде 16 поени.
Турција во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Полска и Босна и Херцеговина.