
Фудбалер исчезна шест месеци, а сега ја отвори душата: Едвај преживеав, бев во кома!
Бастиен е роден во Белгија, а игра за селекцијата на Конго, но последниот настап го имаше на 16 март по што целосно се повлече.
„Бев во кома, во болница и завршив во инвалидска количка. Сè почна по пријателските натпревари во април. Не се сеќавам ниту против кого игравме. Почна да ме боли главата премногу и морав да одам на доктор. Потоа ми кажаа дека сум имал мозочен удар. За влакно ја избегнав смртта“, открива фудбалерот.
По операцијата на главата, Бастиен бил три дена во кома, а потоа уште две недели останал во болница.