Хаос во Танзанија: Сите легнаа на земја за да се спасат од рој пчели (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Сити ФК Абуја и ЈКУ во Танзанија беше прекинат во 77. минута поради рој пчели кои стигнаа на теренот, по што присутните мораа да бараат начин како да се спасат.

Пчелите предизвикаа паника меѓу фудбалерите, по што судиите им наредија на сите да легнат на подот и да не се движат со цел да избегнат напад.