Македонскиот првак со победа над Војводина го почна настапот во регионалната лига!

Ракометарите на Пелистер дојдоа до првата победа на стартот од Регионалната лига во Скопје, совладувајќи ја Војводина со 30-29 (15-16), иако речиси цел натпревар беа во резултатски дефицит.

Српскиот вицешампион имаше предност во текот на првото полувреме, во одредени моменти и со три гола разлика. Но, со подобрена игра во одбраната и со квалитетни индивидуални решенија на бековите, како и со сигурната завршница на капитенот Филип Кузмановски, македонскиот првак успеа да направи пресврт и да ги обезбеди бодовите без голема драма во последните минути. Битолчани настапија во ослабен состав поради повреди на повеќемина стандардни ракометари – меѓу отсутните беа голманот Митревски, Хаидарирад, Манасков, Ристевски и Кузманоски.

Натпреварот се одигра во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

ФОТО: Facebook E. PELISTER

Програмата на Регионалната лига

Женски турнир

Металург Автокоманда – Бор 21-27

Ѓорче Петров – Будуќност (19 часот)

Машки турнир

Пелистер – Војводина 30-29

Вардар 1961 – Ловќен (21 часот)