Барса и Арсенал успеаја - издејствуваа ново правило во Лигата на шампионите

Од минатата сезона Лигата на шампионите тргна во нов формат, со 36 екипи, но очигледно има уште некои работи да се довршат за натпреварувањето да биде идеално.

Во второто издание по овој систем, ќе има ново правило за кое најзаслужни се Барселона и Арсенал откако го кренаа својот глас поради, како што сметаат, големата неправда. Од оваа сезона, во нокаут фазата, реваншите ќе се играат кај екипите што завршиле подобро пласирани во основниот дел.

Барселона минатата сезона се жалеше затоа што лигашката фаза ја финишира на втората позиција, а во плејофот мораше да игра како гостин на реваншите против Борусија Дортмунд и Интер. Германците ги помина, но од Интер доживеа елиминација. За истото се жалеше и Арсенал кој го освои третото место, ама реваншот со Реал го играше во Мадрид иако триумфираше и на него.

Со новото праавило, борбата за што подобар пласман во основниот дел дополнително добива на значење, освен тоа што со место во топ-8, се избегнува незгодниот бараж во февруари.