
Тренерот на Ц. Звезда по елиминацијата: Ова беше ниво на селска лига!
Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ за неуспехот побара алиби и во условите за игра, односно односот на домаќинот за време на мечот, почнувајќи од фудбалерите, па до навивачите и децата задолжени за враќање на топките.
„Целиот натпревар тука беше некаква тепачка, проблеми на трибините, имаме двајца претепани играчи тука. Не сакаат да ни ја дофрлат топката, страшно, трагично, ова е на ниво на селска лига. Не барам алиби. Одиме во Лига Европа и ќе се бориме. Им честитам на играчите за борбата. Многумина играа повредени како што беше Раде Круниќ кој играше со ти инјекции. Таков е фудбалот, понекогаш суров, понекогаш во ваша полза. Овојпат не беше со нас, но одиме понатаму. Би сакал да можам да кажам дека Пафос помина затоа што беше подобар тим, но ако вака играат во Европа, со вакво однесување, тогаш на Европа тоа и ѝ треба“, рече тренерот на Црвена звезда.