
Шелбурн од Ирска прва пречка за Работнички во младинската ЛШ
Младинскиот шампион на Македонија ќе игра натпревар во Даблин, Ирска против екипата на Шелбурн во терминот од 20:45 часот.
Реваншот е закажан за 1 октомври во Скопје, а победникот од него ќе оди на пресметка во второто квалификациско коло против Жилина од Словачка.
Претходно учество во квалификациите за младинската ЛШ од Македонија имаа: Шкендија (трипати), Вардар, Победа и Брера, но ниту една екипа не се израдува на победа.