Супер вечер во ЛШ е пред нас: Два дебитанти и неколку дерби-пресметки!

Вчера во Лигата на шампионите беа одиграни шест натпревари, а денеска во рамките од првото коло ќе видиме уште толку и во нив има и тоа како интересни пресметки.

Најголемо  внимание привлвекуваат натпреварите  Ливерпул - Атлетико Мадрид и Баерн Минхен - Челси.

За многумина токму овие четири екипи се едни од главните фаворити да стигнат до самата завршница, па затоа нивните дуели привлекуваат внимание.

Споменатите два натпревари се играат во терминот од 21:00 часот кога силите ќе ги одмерат уште, Ајакс на свој терен против Интер, додека актуелниот европски шампион одбраната на титулата ќе ја започне во Париз против италијанска Аталанта.

Претходно во првиот термин од 18:45 ќе видиме два дебитанти, Пафос кој ја шокираше Црвена Звезда гостува кај Олимпијакос и Бодо/Глимт патуваа во Чешка кај Славија Прага.

18:45 Олимпијакос – Пафос

18:45 Славија Прага – Бодо/Глимт

21:00 Ајакс – Интер

21:00 ПСЖ – Аталанта

21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид

21:00 Баерн Минхен – Челси