Вардар дербито против Охрид нема да го игра на домашен терен во Аеродром!

Ракометарите на Вардар в сабота (20 септември) ќе го одиграат првиот домашен натпревар во новата сезона од Суперлигата и тоа против тимот на ГРК Охрид.

Средбата, поради технички причини (турнир во џудо), нема да се одигра во салата „Јане Сандански“, туку е преместен во „Борис Трајковски“. Клубот информира дека билетите ќе чинат 150 денари, а онлајн продажбата започнува утре напладне.

Вардарци во пресрет на дербито потенцираат дека очекуваат тежок натпревар против квалитетен противник, кој најавил и поддршка од свои навивачи во Скопје. Сепак, во клубот веруваат дека со борбена игра и поддршка од сопствената публика ќе дојдат до победа.