Вардар доби лесен ривал, три прволигашки дуели во осминафиналето од Купот!

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија, која на бранителот на трофејот Вардар му донесе релативно лесен ривал - второлигашот Новаци.

Ова ќе биде реприза на дуелот помеѓу овие два тима од ланското издание од ова натпреварување, кога се сретнаа уште во првата рунда. Ланскиот финалист Струга, пак, ќе му гостува на тимот на Македонија Ѓ.П, додека ќе има уште две прволигашки пресметки – Силекс повторно ќе му гостува на Башкими како вчера додека Шкендија ќе го пречека Тиквеш. Шкупи, Работнички и Пелистер ќе играат против второлигаши, додека еден од највозбудливите дуели ќе биде второлигашкото дерби меѓу Беласица и Детонит Плачковица.

Натпреварите од оваа фаза се играат на еден меч, закажани на 24 септември и 29 октомври 2025 година.

1/8 ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА

Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум

Охрид Лихнидос – Шкупи 1927

Вардар – Новаци

Башкими 1947 – Силекс

Шкендија Тетово – Тиквеш

Работнички – Брегалница 2008

Шкендија 77 – Пелистер

Беласица – Детонит Плачковица