Судиите во Унгарија не го толерираат Адеми - го наполнија со жолти картони

Поранешниот македонски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми од оваа сезона е член на унгарскиот Ујпешт каде брзо се вклопи и е стандарден во почетната постава.

Просечно игра по 82 минути на натпревар, но од статистиката може да се забележи дека во Унгарија го нема истиот третман како во хрватскиот фудбал каде ја помина речиси цела кариера. Доказ за тоа е бројот на жолти картони бидејќи на само пет натпревари дури четири пати доби јавна опомена.

Интересно, тоа е ист број како во последните две сезони во дресот на Динамо во првенството и Купот на Хрватска со тоа што во тој период Адеми одигра дури 71 натпревар. Македонскиот интернационалец 14 години беше член на клубот од Загреб и со него освои дури 13 шампионски титули во домашното првенство.