Картичка од Џордан и Брајант продадена за - 10,5 милиони евра (ФОТО)

Потпишана картичка со Мајкл Џордан и Коби Брајант била продадена за неверојатни 10,5 милиони евра, со што бил поставен нов рекорд за најскапа колекционерска картичка.

Истата е продадена преку „Херитејџ Акционист“, а идентитетот на купувачот заега не се открива во јавност.

Директорот на „Херитејџ“, Крис Ајви кажа дека ваква картичка не може повеќе да се создаде, а модерните колекционери долго време ја посакувале.

Ајви откри дека претходниот сопственик ја чувал повеќе од деценија, при што одбил големи понуди во изминатите години.