
Ѓоковиќ најави „бомба“ за негов тренер - Моника Селеш!
Многумина се изненадени од неговата најава дека постојат шанси таа улога во иднина, барем на краток период, да ја извршува легендарната југословенска тенисерка Моника
Селеш.
„Ќе видиме, тоа се некои иницијални разговори и повеќе емотивен аспект, отколку некоја долгогодишна соработка. Тоа мене многу би ми значело“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата, а српските медиуми потсетија на некои негови изјави од 2024 година, поврзани со Селеш.
„Ја сакам Моника, ја имав во главата кога растев во Србија. Мојата тениска мајка, Јелена Генчиќ работеше со неа и постојано слушав како тренирала, колку спиела, што јадела... Моника е една од моите херои и идоли од детството.
Всушност, таа ми е и повремен ментор, во конуникација сме долги години. Кога имав повреди и кога бев дисквалификуван во САД, таа секогаш ми се јавуваше и ми даваше поддршка“, зборуваше лани Новак.
Тој во моментов официјално нема тренер, со него работи Борис Бошњаковиќ, а како откри, на некои турнири соработува со Душан Вемиќ. Својот прв меч на УС Опен, српскиот ас ќе го одигра в понеделник од 1 часот по полноќ, против Лернер Тиен.