Алкараз збесна кога виде дека му го снимаат тренингот! (ВИДЕО)

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз се изнервира на тренинг на УС Опен откако виде дека е поставена камера која го снима.

Шпанецот на висок тон разговараше со претставници на турнирот, се жалеше за камерите кои се поставени и озвучени.

Тениски инсајдери велат дека тој бил бесен што камерите се озвучени со микрофон, па може да му ја слушнат тактиката која ја крои за натпреварите.

Алкараз стравува дека снимките од камерите може да бидат искористени од неговите противници кои на таков начин би откриле како се подготвува за нив.