
Пешиќ ги избра кошаркарките со кои Србија ќе оди по европско злато
За Србија најважно беше што Никола Јокиќ од претходно потврди дека ќе ги брани боите на својата земја на Евробаскетот, а во селекцијата ќе бидат уште: Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ,Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.
„Секогаш по крајот на припремите доаѓа најтешката задача за еден селектор. Тренерот е тука да носи одлуки и да преземе одговорност. Сега беше навистина тешко да се донесе одлука кои 12 кошаркари ќе одат на Европското првентво. Разговарав со оние кои не одат и тие прифатија дека тимот е над сите. Тројцата кои не одат (Топиќ, Копривица и Давидовац) се одлични момци и горд сум на нив“, изјави Пешиш.
Европското првенство стартува на 27 август и ќе се игра до 14 септември во Летонја, Финска, Полска и Кипар.
Фото: Košarkaški savez Srbije/FB