Охрид загуби од Нексе, но закажа финале со Пелистер

Ракометарите на Охрид го обезбедија пласманот во финалето на турнириот „Крсте Андоновски“ каде што ќе играат против Пелистер.

Нексе вечерва славеше победа против домашниот состав со 29-28, но сепак поради гол-разликата Охрид оди во финалето каде што ќе игра против Пелистер, додека Нексе ќе води битка со Вардар за третото место. 

Одлично тргна Нексе и беше подобриот тим на теренот во првиот дел. Во кој стигнаа и до највисоки пет гола разлика (10-15). На пауза гостите заминаа со 12-16.

Но, веднаш со почетокот на второто полувреме, Охрид започна да ја „топи“ разлика и набрзо го израмни резултатот на 21-21. Дојде и до пресврт Охрид поведувајќи со два гола, меѓутоа, сепак дозволи противникот да направи пресврт.

Финалето на турнирот е игра утре во терминот од 20:00 часот.