
Баерн фуриозно ја отвори сезоната, Лајпциг прегазен во Минхен! (ВИДЕО)
Работата избраниците на Компани ја завршија уште во првото полувреме кога посттигнаа три гола.
Олис го отвори резултатот во 27. минута, а пет минути подоцна на сцена стапи новото засилување за баварцте, Луис Дијаз кој се погрижи за 2-0. Олис пред крајот на првиот дел постигна и трет гол за веќе убедливо водство на фаворитот.
Ако во првото полувреме го немаше, Хари Кејн беше расположен во вториот дел кога ги постигна преостанатите три погодоци. Одличен беше и Луис Дијаз кој на двапати асистираше.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој се очекува до крајот на преодниот рок да го напушти Лајпциг вечерва не беше во составот.