„Модриќ е професор од светска класа, ќе ја запали Серија А и со 40 години!“

Поранешниот италијански тренер Фабио Капело во колумна за „Газета дело Спорт“ даде свое мислење за новото засилување на Милан, Лука Модриќ.

Модриќ пристигна летово по завршување на договорот со Реал Мадрид, а од него се очекува да биде лидер на теренот и да го пренесе искуството на помладите колеги.

„Лука е професор од светска класа кој ќе ја запали Серија А и со 40 години. Милан има квалитет во средниот ред, а верувам дека Модриќ ќе биде лидер“, смета Капело.

Модриќ пристигна во Милан по 13 поминати сезони во Реал Мадрид со кој освои сè што може да се освои.