
МЗТ претстави три странски засилувања со кои ќе ја брани - двојната круна!
На позицијата ниско крило ќе настапува Грегори Џонсон (25 години, 196 см), кој до предминатата сезона играше за Истерн Њу Мексико универзитетот, а во минатиот шампионат беше дел од австрискиот прволигаш Грац.
Елајџа Мекејден (25 години, 192 см) е новиот бек-шутер на аеродромци. По завршувањето на универзитетската кариера во „Мемфис тајгерс“, тој играше во Португалија за Портимоненсе и Бареиро, а минатата сезона настапуваше во полската лига со тимот на ПГЕ Старгард.
Американската тројка ја заокружува најискусниот меѓу нив – Чарлс „Ел-Џи“ Гил (30 години, 203 см), центар кој има искуство во НЦАА, Џи-лигата, како и настапи во Косово и минатата сезона во кипарскиот Лимасол.
Од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат соопштени и имињата на македонските кошаркари кои ќе му бидат на располагање на тренерот Атанасов за новата сезона.