Србинот Малешевиќ повторно ќе игра во дресот на Пелистер!

Искусниот српски кошаркар, Никола Малешевиќ (35 години), повторно ќе го носи дресот на Пелистер, откако официјално потпиша договор со битолскиот клуб.

Тој веќе пристигна во Битола и започна со тренинзи неколку дена пред стартот на подготовките за новата сезона. Малешевиќ претходно со успех настапуваше за „зелено-белите“ во периодот помеѓу 2020 до 2022 година, кога му помогна на Пелистер да стигне до финалето во плејофот. Во досегашната кариера има настапувано за клубови како Шљонск, ОКК Београд, Металац, Стеауа, Волунтари, Цибона, додека минатата сезона играше во грчкиот шампионат со екипата на Ираклис.

Со ова засилување, Пелистер ја започна изградбата на ростерот за претстојната сезона, а раководството најавува и нови имиња во следниот период.